SpiralCell технологијата обезбедува подоби карактеристики
Едно време, многу одамна, кога автомобилите беа релативно едноставни. Мотор, пренесување и рамка, неколку седишта, врати, кров и четири гуми. И радио, се разбира. Не можете да патувате без радио.
Но, тие дополнителни работи ги натераа сопствениците на автомобили да размислат: Што друго можам да ставам тука? Какви други прилагодувања можат да се направат?
Потоа доаѓаат звучници. Телефони за во автомобл. Вградени навигациски системи. Видео плеери вградени во потпирачи за глава. ДВД Системи. Сите видови на полначи на уреди. И извонредниот уред за празнење на обични акумулатори за автомобили.
Агресивниот продор на електрониката делумно влијаеше врз развојот на Optima® series of batteries-batteries на Johnson Controls кај кои се применува супериорната технологија SpiralCell.
Срцето на новиот акумулатор
Акумулаторите SpiralCell обезбедуваат поголема рамна површина отколку обичните акумулатори затоа што плочата се врти околу самата себе на цилиндричен начин. Тоа значи дека повеќе хемикалии доаѓаат во контакт со површината, овозможувајќи побрзо повторно полнење и поголем трансфер на енергија.
Акумулатори Optima на Johnson Controls исто така обезбедуваат помал простор за плочата, што резултира со помал внатрешен отпор. А помалиот внатрешен отпор значи повеќе енергија сместена во помала форма на фактор.
Покрај тоа, сите спирални плочи се прицврстени на местото, што значи дека акумулаторот е поотпорен на вибрации. Ова ги прави идеални за апликации кај кои е интензивно движењето. Покрај тоа, намалените вибрации ги сведуваат на минимум трошоците на активно пресвлекување на плочите, што пак доведува до помала загуба на енергијата и нивна долготрајност.
И конечно, некои легури и адитиви што се користат кај акумулаторите се подложни на трнасфер на електрони, што ја намалува нивната ефикасност и резултира со побрзо празнење на самата батерија. За споредба, акумулаторите SpiralCell користат олово со висока чистота, што го намалува испразнувањето.
Одејќи кон потрајно решение
Покрај акумулаторот Optima за палење, Johnson Controls исто така нуди и линија на Optima акумулатори со продолжен век на траење изработени според технологијата SpiralCell.
Акумулаторите со продолжен век на траење обично се користат кај апликации каде постои празнење од 60 до 70 проценти од капацитетот на батеријата за времетраењето на апликацијата. Токму ова продолжено повторливо спроведување на струја е она што му го даде називот на овој акумулатор „продолжен век на траење“. И тој значително се разликува од автомобилските акумулатори за палење, каде постои празнење од само 1 до 3 проценти.
Апликациите со продолжен век на траење се користат кај бродски мотори, голф коли, електрични колички и RV или домашни напојувачи на струја. Полициските автомобили, амбулантни коли и противпожарни камиони се исто така веројатни кандидати за акумулаторите Optima со продолжен век на траење.