Johnson Controls
Историја на растечки очекувања
Таа започна со иновација.Во 1883 година, Warren S. Johnson, професор во државното училиште State Normal School во Вајтвотер, Висконсин, го доби патентот за првиот електричен термостат за простории. Неговиот пронајдок ја лансираше индустријата за контрола на згради и беше основна движечка сила за формирање на новата компанија.
Johnson и група инвеститори од Милвоки ја основаа компанијата Johnson Controls Electric Service Company во 1885 за производство, инсталирање и сервисирање на автоматски системи за регулирање на температури за згради. Компанијата беше преименувана во Johnson Controls во 1974 година.
Меѓу 1885 и 1911 година, Професорот Johnson вршеше истражувања и во многу други области, вклучувајќи и електрични батерии, автомобили на пареа и гас, големи пневматски кули часовници и безжична телеграфска комуникација. Но, по неговата смрт во 1911 година, компанијата одлучи да се насочи единствено на нејзиниот бизнис за контрола на темепратура во нерезиденцијални згради.
Johnson Controls продолжи да развива нови иновативни технологии за контрола за да им помага на клиентите подобро да управуват со нивните се поголеми и посложени згради. До 1950 година, на пример, беше вообичаено за една голема зграда да има стотици термостати, вентили, регулатори и други уреди за контрола на температурата инсталирана низ целиот објект, кои требаше посебно да се проверуваат неколку пати во денот. За да се подобри ефикасноста на персоналот кој работи во зградите, Johnson Controls го воведе својот Центар за пневматска контрола, кој за прв пат овозможи оператор на зграда да ги надгледува и да работи со сите уреди за контрола на температурата на еден објект од едно централно место.
Клучните температури се надгледуваат, проверуваат, забележуваат и менуваат од Центарот за пневматска контрола.
Компанијата која ја основаше контролната индустрија остана лидер во оваа технологија. Во 1972, таа го направи првиот мини-компјутер во индустријата наменет за контрола на згради - JC80. Во `80-те години, Johnson Controls усвои технологија за дигитална контрола со неговиот JC85 кој им обезбеди на клиентите побрза и попрецизна контрола на системите за згради. Во `90-те години, компанијата стана пионер во комуникациски протоколи, што овозможи по прв пат уредите за контрола од различни производители директно да споделуваат податоци. Денес, Системот за управување Metasys® Facilities ги намалува трошоците за енергија и ја зголемува удобноста на внатрешниот простор во илјадници згради низ целиот свет.
Сервисирање на системите за управување со објекти веќе долго време е стандарден дел од понудата на компанијата. Уште од средината на `80-те години, таа го прошири својот домен на работа со цел да ја опфати механичката и електричната опрема, за да им помогне на клиентите да го намалат бројот на потребните набавувачи на услуги. Компанијата го креираше Интегрираното управување со згради за да им обезбеди на клиентите единствен извор на операции и одржување на сите системи и функции за згради и максимална ефикасност и безбедност на зградите. Johnson Control сега обезбедува персонал со полно работно време за Интегрирано управување со згради за преку 600 милиони квадратни стапки простор во згради низ целиот свет, вклучувајќи и објекти на IBM во 20 земји, и објекти на Владата на САД во Кајп Канаверал.
Во 1978 година, Johnson Controls го купи Global-Union од Висконсин, производител на акумулатори кои се наменети за пазарите за продажба на акумулатори кои се заменуваат како и за пазарите за оригинална опрема. Денес, Johnson Controls е најголемиот производител на сопствени оловно-киселински акумулатори за автомобили во Северна Америка, и својот водечки бизнис го проширува во Азија и Јужна Америка. Компанијата исто така произведува акумулатори за агрегати во ургентни ситуации како поддршка на телекомуникациските апликации.
Johnson Controls влезе во индустријата за седишта и пластична машинерија за автомобилската индустрија во 1985 година со преземањето на Hoover Universal, Inc. од Мичиген. Во тоа време, бизнисот за седишта пред се произведуваше индивидуални компоненти, како што се рамки, ленти или меки делови во согласност со спецификациите на производителот на автомобили.
Акумулаторите на Globe-Union изградија репутација заради сигурноста која важи и денес.
Денес, компанијата стана најголемиот светски производител на целосни седишта, со фабрики за производство на пет континенти. Нашите фабрики „точно навреме“ се лоцирани во близина на фабриките за склопување на нашите клиенти. Седиштата се склопуваат, се товараат во камион, во број што одговара на автомобилите што се на лентата за склопување, и се доставуваат до клиентот за најмногу 90 минути.
Hoover започна да произведува компненти за автомобилски седишта во средината на `60-те години. Во текот на последната деценија, Johnson Controls исто така разви капацитети за опсежни истражувања, развој, дизајн, инженерство и способности за тестирање. Оваа широка експертиза им обезбедува на производителите на автомобили и потрошувачи на системи за седење поголема удобност, безбедност и технологија.
Одговарајќи на барњата на своите клиенти, Johnson Controls го прошири своето присуство во полето на автомобили и камиони во раните 1990-ти години, со тоа што понуди компоненти како што се облоги за кров и фини доработки и облоги за врати. Тој значително ја зајакна својата позиција како светски лидер за системи за ентериери преку преземањето на Prince Automotive во 1996 година.
Prince е познат по своето иноваторство, од првото осветлено огледало во 1972 година до интегрирањето на електроника во системи на ентериер. Johnson Controls моментално ги обезбедува сите аспекти на еден целосен ентериер, вклучувајќи и системи за сончеви кровови, подни конзоли, системи за врати, инструмент-табли и системи за седишта.
Како во автомобилскиот така и во бизнисот на контрола, Johnson Controls останува посветен на зголемените очекувања на неговите клиенти. Оваа посветеност му овозможи да биде успешен повеќе од еден век и му обезбеди светла иднина.
