Home > За нас > Одржливост > Иновација и животна средина

Иновација и животна средина

Natural fibers

Dual FaserTec: Со природните влакна Johnson Controls ги собира наградите

Јohnson Controls не само што им нуди на своите клиенти полнење за седишта изработено од конвенционалната PU пена, туку исто така и полнење од природни материјали зајакнато со латекс - заради добра причина.
Влакната, помешани со латекс како зајакнување, обезбедуваат удобно полнење на седиштето кое диши. Користењето на целосно чисти материјали исто така го прави рециклирањето полесно при што се намалува глобалната количина на распространување за време на производството.
Овие придобивки беа признати од Германската федерација за зајакната пластика со трета награда што му ја додели на Johnson Controls во категоријата за Животна средина на АВК Награди за иновација. Ова е второ вакво признание за Johnson Controls од AVK Награди за иновации; компанијата ја доби првата награда во 2005 година во категоријата за Животна средина за процес на рециклирање.
Според федерацијата: „Целта на Наградата за иновација е да обезбеди решенија на современите технолошки прашања“, со специфични начини што тие ги прикажаа. Во овој Dual FaserTec процес, се обезбедува удобно седење за патниците при што истовремено се исполнуваат другите цели што ги поставува оваа награда, а кои се постигнуваат „преку композити и термози“, за нагласување на постигнувањата во нашата индустрија во полето на заштита на животната средина, и поттикнување на универзитетски истражувања за композити и термосетови. Постои надеж дека овие Награди за иновации ќе послужат како извор на мотивација за специјалистите кои се активни во овие полиња.

Поголема удобност

FaserTec полнењето за седишта изработено од кокосови влакна и латекс е особено удобно. Доста пропустливо, со својство да апсорбира влага, нуди идеални услови при седење. Со цел да се конструира навистина удобно седиште, компанијата продолжи да го доразвива FaserTec. Така, полнењето за седишта што произлезе беше Dual FaserTec, тоа може да има различна тврдина, што нуди можност да се постигнат различни тврди зони во рамките на едно полнење - од меки перничиња за патниците, до тврди потпирачи на седишта за поголема трајност, сите тие во едно полнење.
Тоа е благослов за производителите на автомобили кои сакаат да обезбедат поголема удобност при седењето.