Home > За нас > Одржливост > Батерии и животната средина

Батерии и животната средина

Batteries and environment

Johnson Controls внимава на практиките

Со децении, Johnson Controls се наоѓа на првите позиции во обезбедување на одржливи апликации во однос на животната средина, практики и производи за нејзините клиенти, кои се движат од зелени методи за градба до енергетски ефикасни оперативни системи, како што е Metasys, кој ги контролира системите за електрична енергија, обезбедување и ГВК за да ги исполни барањата на енергетски ефикасен начин.
Заради тоа, не е изненадување што свесноста на компанијта за животната средина исто така е вградена и во производството на нејзините производи. Да го земеме на пример производството на батерии. Johnson Controls применува различни начини за да биде сигурен дека составувањето на батериите ќе има колку што е возможно помало влијание врз животната средина - не е мала работа, со оглед на фактот што одредени видови батерии се полнат со хемикалии, а сите куќишта на батериите се направени од пластика.
За таа цел, сите фабрики на Johnson Controls во Европа применуваат практики за управување со животната средина. За да се постигне ова, компанијата е пријавена за ISO 14001 стандарди за управување со животната средина, најшироко користен стандард за управување со ризици во животната средина.
Стандардот за управување со животна средина ISO 14000 ги поставува принципите и практиките кои:
  • Им помагаат на организациите да ги сведат на минимум ефектите врз животната средина.
  • Да се усогласат со применливите закони и регулативи, како и со други барања насочени кон заштита на животната средина.
  • Континуирано да ги подобруваат производствените процеси и постапки. Фокусот е ставен на намалување на емисиите и заштита на ресурсите. Во својата фабрика во Хановер, Германија, на пример, Johnson Controls ги замени парните генератори со околински систем за греење, со што ги намали емисиите на гасови за само една фабрика за 8.000 тони CО2 на годишно ниво.


Поглед кон иднината

За да ги продлабочи своите определби за производство на батерии кое не е штетно за животната средина, Johnson Controls исто така планира да се здобие со сертификатот OHSAS 18001 во 2009. OHSAS 18001 е развиен за да биде компатибилен со ISO 9001 и ISO 14001 стандарди за системи за управување, за да интегрира разновидни системи за управување со животна средина и системи за управување за затштита при работа.
Покрај практиките на управување, Johnson Controls исто така го насочува своето внимание и кон рециклирање на батерии заради подобрување на животната средина. Работењето на компанијата VARTA процесирање и топење на батериите на големо откако еднаш ќе се отстрани киселината од батериите. Батериите се топат во цилиндрична печка со мешавина која содржи адитиви кои го чистат оловото од неговите примеси и нечистотии.


Исто така, гасовите што се произведуваат за време на топењето се собираат и повторно се загреваат. Кога ќе се излади гасот, тој поминува низ систем на филтри кои ја собираат прашината. Прашината содржи 65 проценти олово, кое потоа се рециклира и се враќа назад во процесот на топење.
Процесот на рециклирање е идеално комплементарен со напредните стандарди и практики што ги применува Johnson Controls чија крајна цел е: помало влијание врз животната средина.