Home > За нас > Одржливост > Добро за бизнисот, добро за светот

Добро за бизнисот, добро за светот

Smart metering

Паметните мерачи на Johnson Controls помагаат при намалување на искористувањето на енергија

Денес, компаниите ги бараат сите можни придобивки што може да ги добијат, од стеснување на работните маргини до намалување на ирелевантните трошоци - сè во име на фискалната одговорност и профитот.
Но, сè повеќе, компаниите бараат покреативни начини да промовираат фискална стабилност. А, тоа значи да се има предвид искористувањето на енергијата. Надополнето со потребата од намалување на трошоците со пораст во одржливи цели, не е ни чудо што паметните бројачи се паметно решение.
Паметните бројачи ги заменуваат вообичаените мерачи на енергијата и им нудат на компаниите начин за запис на потрошувачката на енергија. Со програмирање на мерачот, компаниите може да го следат искористувањето по часови за да ги утврдат периодите со најголема потрошувачка на енергија. Сепак, најдоброто е тоа што записите може да се програмираат на подолги периоди и на тој начин сопственикот или управниот одбор може да ги следат трендовите на искористување или да бараат невообичаено високи вредности при искористување на енергијата.
На пример, ако паметниот мерач заведе зголемени вредности при искористување на енергијата кога работата во производството е во затишје или е затворена, управата може да ги најде причините - можеби се работи за машина што е ненамерно оставена уклучена или компјутерските системи се оставени да работат со заштитници на екрани, наместо во режим на мирување.
Без детални можности за следење, сопственикот може да ја анализира само вкупната месечна сметка и да ги следи месечните потрошувачки, а не издатоците по часови.

Покрај искористеноста на енергијата
Паметните мерачи не се применуваат само за електрична енерија. Johnson Controls произведува и инсталира и паметни мерачи за следење на искористеност на плин и вода. Со употреба на паметен мерач за потрошувачка на вода може да се идентификуваат протекувања бидејќи сопственикот на компанијата може да ја следи потрошувачката на вода од час во час. И мерачите за плин може да им помогнат на сопствениците на компаниите да идентификуваат опрема што не работи правилно и ненамерно троши премногу енергија.

Заштеда на пари
Мерачите идентификуваат и неовластени области на искористување и невообичаени побарувања со високи вредности. А, следењето на искористеноста на енергијата со паметни мерачи има дополнителни придобивки. Штом ќе се разберат моделите на искористеност од час во час, компанијата може да види дали компанијата за снабдување со енергија наплатува повеќе. Според објавените записи, тестирањата со поголеми компании кои користеа паметни мерачи, открија грешки од над 60% кај некои сметки за плин и до 50% кај некои побарувања за струја. Тоа резултираше во корекција на работата и поврат на парите.
Уште повеќе, следење и намалување на искористување на енергијата и водата промовира фискална стабилност и издржаност во однос на животната средина. А, тоа е паметно.