Home > За нас > Одржливост > Кога Неутралното Е Плус
Кога Неутралното Е Плус
Одделот промовира почисти згради
Неодамна, вниманието на медиумите низ целиот свет беше насочено кон идејата за јаглеродно неутрализирање, односно, идеја дека објекти, како што се згради или автомобили можат да постојат без при тоа негативно да влијаат врз животната средина. За ова разговараа славните личности и државниците и тоа беше објавувано на насловните страници на списанијата и во киносалите. Поранешен потпретседател на САД доби дури и Нобелова награда за мир заради неговите предавања и пропаганда низ целиот свет во врска со животната средина и остатоците од јаглерод што зад себе ги оставаат потрошувачите.А замислете, Johnson Controls оваа идеја за јаглеродно неутрализирање ја промовира со години нананзад. Всушност, компанијата основаше посебен оддел чија специјалност е да им помага на бизнисите да работат кон постигнување на јаглеродна неутралност. Одделот се соочува со драматично зголемен број на барања за консултации.
Одделот за енергија, животна средина и решенија (EES) при Johnson Controls се консултира со клиентите за нови или реновирање на стари згради и дава препораки за начините на кои тие можат да станат енергетски поефикасни и ги имплементира решенијата кои гарантираат заштеда.
Намалување на отпад
„Ние ги проверуваме зградите на клиентите, капацитетите и процесите“, вели Tim Griffiths, британскиот директор за ЕЕS. „Ние се обидуваме да завземеме став ориентиран кон решенија, анализирајќи ја интеракцијата на системите и барајќи најдобар начин за искористување на енергијата и отпадната или неискористена енергија. Тоа се заеднички консултации затоа што ние работиме со клиенти. Ние се обидуваме да разбереме на кој начин тие ја користат енергијата, и на кој начин најдобро може да се канализира отпадната енергија назад во нивната зграда.“
Griffiths, како едноставен пример, посочува дека еден клиент би можел да ја искористи неискористената топлина од гасната турбина која се користи за производство на електрична енергија со тоа што би ја спровел во апсорпциониот разладувач за да создаде климатизација. На тој начин, отпадот повторно се враќа во системот за греење, вентилација и климатизација (ГВК), при што се намалуваат трошоците за енергија, а со тоа и испуштениот јаглерод.
Се разбира, дури и наједноставното решение бара внимателно планирање. Токму заради тоа, тимот на Griffiths ги разгледува сите системи во една зграда со цел да утврди каде може да се постигнат заштеди на енергијата, и каде може да се рециклира отпадот. Покрај системите, тимот исто така врши проценка на местата каде се губи енергијата, како на пример неефикасен или несодоветни прозорци и затворачи на врати. Потоа, тимот може да ги подготви и да ги спроведе препораките со цел да се намали загубата.
Не Само за Нови Згради
Повеќето консултации во Обединетото Кралство се одвиваат кога одредена зграда треба да се реновира, така што решенијата се всушност промени во веќе постојните системи, вели Griffiths. „Ние исто така очекуваме многу работа низ Европа “, вели тој. „Постои се поголемо расположение за јаглеродно неутални околини, и ние веќе го предвидуваме моментот кога наместо планирани реновирања ќе започнат да се бараат целосно нови енергетски проекти.“
А бидејќи цената на гасот се зголеми за 20 проценти и на електричната енергија за 15 проценти, бизнисите веќе ги ревидираат одложените и преходно подготвени проекти со цел да ги направат поефикасни нивните сегашни системи.
