Home > Помош за нашите клиенти

Помош за нашите клиенти

Нашите бизниси, токму заради самата нивна природа се дизајнирани да им помогнат на нашите клиенти во заштеда на енергија. Скоро половина од светската потрошувачка на енергија им се припишува на зградите и возилата.

Нашите напори за подобрување на нивната ефикасност даваат значаен придонес во намалување на нивното влијание врз животната средина. Во Извештајот за 2006 година, подготвен од независната Leonardo Academy пресметано е дека проектите за енергетска ефикасност што ги има имплементирано Johnson Controls во неговите сопствени операции, како и за неговите клиенти во периодот меѓу 1990 и 2005 година резултирале во заштеда на трошоци за енергија од УСД$7.1 милијарди.

Проекцијата за проекти што ќе се имплементираат од 2006-2025 за заштеда на трошоци за енергија изнесува УСД$21 милијарда. Ние им помагаме на нашите клиенти да ги постигнат нивните цели во врска со животната средина преку низа методи за енергетска ефикасност. На пример, преку договор за изведба со Indiana Department of Correction во САД, ние гарантираме заштеда од преку УСД$7 милиони во текот на следната декада, а истовремено обезбедуваме УСД$25 милиони во капитални инфраструктурни надградувања на капацитетот.

Некои од зградите ќе бидат затоплувани преку нови биомаса бојлери кои се полнат со гориво од пченка која се одгледува во Индијана. Во Куала Лумпур, Малезија, седиштето на Комисијата за хартии од вредност ќе го користи нашиот Metasys систем за подобрување на управувањето со енергија во зградата и контролата на осветлувањето. Ние му помогнавме на Советот за зелени згради на САД (Untied States Green Building Council - USGBC) да развие свој сопствен Систем за рангирање на дизајн за лидерство во полето на енергијата и животната средина (Leadership inEnergy and Environmental Design - LEED) за постојните згради во 2000. Во 2003, ние им помогнавме со развојот на LEED за нова градба. Нашиот софтвер Green Compass™ им помага на нашите клиенти да ги проценат нивните реални портофолија на имот за да можат да ги анализираат карактеристиките кои се пријателски кон животната средина, да го оценат повратот на инвестицијата во имплементирање на зелени стратегии, да ги проценуваат и управуваат со новите проекти
за зелени згради, да креираат база на податоци за најдобри практики и да се подготват за добивање на LEED сертификат.

Ние направивме процена на преку 200 згради на клиенти за усогласеност со LEED и издадовме сертификат за голем број од нив, вклучително и на главното седиште на Janssen Pharmaceutica Inc.; Goizueta Business School на Emory Univeristy; KeyBank Campus во Бруклин, Охајо; и Westwood Elementary School за Elk River Independent School District, Минесота. За нашите клиенти кои не се сигурни околу тоа како одржливоста се вклопува во нивните бизнис палнови, нашите сесии за Решенија за одржливост на навигација обезбедуваат структуриран, интерактивен процес за брзо проценување на потребите за одржливост и практики.

Сесиите им помагаат на нашите клиенти да се осврнат кон голем број прашања во врска со одржливоста, од полето на дизајн и градба на зелени згради, ефикасно подобрување на портофлиото на капацитети, до развој на широк организациски стратешки план за одржливост. Ние исто така обезбедуваме алатки за нашите клиенти кои ќе им помогнат на нивните вработени подобро да ја разберат одржливоста. Нашата програма за Образование за одржлива енергија и комуникации (Sustainable Energy Education and Communications - SEEC) претставува модул од 10 серии на online часови кои ги прикажуваат финансиските и социјалните бенефиции, како и бенефициите во животната средина што вработените можат да откријат на работното место и дома.

Програмата им покажува како штедењето на енергија и вода, одржувањето на чист воздух и други одржливи стратегии можат да заштедат пари, да ги намалат емисиите и да им помогнат да останат здрави. Покрај образованието за одржливоста, ние развиваме иновативни производи, вклучително и современи литиум-јонски батерии со подолг век на траење и многу поголема моќност од сегашните хибридни батерии (акумулатори) за возила. Акумулаторот ја зголемува ефикасноста на горивото и ги намалува емисиите на гасови.

Како резултат на овие напори, во 2006, на Johnson Controls му беше доделен првиот индустриски развоен договор за снабдување на големите производители на автомобили со литиум-јонски акумулатори. Повеќе од една деценија, ние развиваме компоненти за ентериери кои ја намалуваат тежината на возилото, а истовремено го прават попријателско за околината. Неодамна ние ги развивме седиштето Genus™ и седиштето со низок профил, кои демонстрираат како дизајните со мала тежина и материјалите кои се рециклираат можат сепак да обезбедат удобност од светска класа и перформанс.