Home > Помош за нашите клиенти > Комбинирана брзина и удобност
Комбинирана брзина и удобност
Johnson Controls ги здружува иновациите со Фиат во новиот Фиат 500
Johnson Controls, светски водечкиот снабдувач на автомобилски внатрешни системи, електроника и акумулатори, заедно со Автомобилската група на Фиат, изработува панели за седишта и врати за Фиат 500, која неодамна е прогласена за Кола на годината за 2008. Новото дизајнирано седиште е импресивна комбинација од атрактивен изглед и иновативна функција.Целокупниот процес претставува модел од ефикасност и соработка која резултира во значително намалување на времето за производство. Johnosn Controls произведува седишта за Фиат во својата фабрика во Биерун во Полска, а фабриката Наместово во Словачка е наменета за производство на панели за врати. Од таму, деловите пристигнуваат до фабриката Фиат 500 во Тичи близу Краков врз основа “точно на време“ за да се заврши процесот на монтажа.
Бенефиции за корисникот
Таа брзина не го намалува прилагодувањето на седиштето. Потрошувачите може да избираат помеѓу повеќе комбинации од ткаенини и бои; освен тоа навлаките на седиштето се украсени со шари кои изгледаат како декоративен шав. Површина отпорна на гребнатини и меки потпирачи за раце ја зголемуваат визуелната привлечност.
Но тоа не е само едноставна убавина, бидејќи седиштата имаат карактеристики на дополнителна удобност и безбедност. „Фактот што Фиат 500 стекна завидлив рејтинг од 5 ѕвезди на Евро НЦАП тестот е во голем дел заради неговото компактно седиште што значително придонесува за високиот степен на безбедноста на корисникот,“ вели Marzio Raveggi, заменик претседател и генерален директор на Одделението за купувачи на Фиат при Johnson Controls.
Предностите не завршуваат тука. Седиштата имаат стандардно воздушно перниче и сензор које е поврзан со сигналот за каишот на седиштето. Функцијата за лесно влегување исто така им овозможува на патниците лесен пристап до задните седишта.
Иновации кои се во тек
Не е само крајниот производ иновативен, туку и процесот за дизајн и развој на внатрешните компоненти беа последен збор на техниката. Соочени со многу ограничен временски рок, Johnson Controls ангажирал програми за виртуелен-дизајн за да помогнат во развојниот план. Ова значително ја намали фазата за прототипот на панелите за врати и седишта - а тоа дозволи навреме да се произведат компонентите за Фиат 500 - нешто што им овозможи на возачите на италијанските спортски коли повеќе причини да се насмевнат.
