Home > Помош за нашите клиенти > Home Sweet Home
Home Sweet Home
Johnson Controls го грее и лади вашиот дом
Тоа е една од оние ветровити ладни ноќи во кои се тресат прозорците, ноќ во која семејството не сака ни да помисли на авантура каква што е ноќната прошетка. Зимска бура се надвиснува над вашито град, а.. вие воопшто не се грижите.Тоа е затоа што вие се борите со ваквите непогоди и го греете вашиот дом со климатизер. Звучи чудно? Прочитајте
Johnson Controls произведува станбени единици за греење, вентилација и климатизација (ГВК) наречени мини-сплит топлински пумпи дизајнирани да обезбедат и климатизација и греење преку една практична единица.
Hot Little Number
Сплит систем кој е дизјаниран да работи преку целата година. Преку испарувањето и кондензацијата, топлинската пумпата го прави воздухот ладен или топол. Без разлика дали е лето или зима, системот обезбедува удобна околина во внатрешноста. А кога веќе говориме за околини, Johnson Controls го користи средствoтo за ладење коe не e штетнo за озонската обвивка Р410А во неговите мини-сплит системи за топлински пумпи.Топлинските пумпи се состојат од надворешен дел на топлинската пумпа - преку кој поминува воздухот, - и внатрешен регулатор на воздухот и довод поврзан со две бакарни цевки каде што циркулира течноста за ладење. Покрај другите аспекти на нејзиниот дизајн, делот што ја прави толку ефикасна е нејзиниот микропроцесор со контролен систем за одмрзнување по потреба; одмрзнувањето се случува само кога е тоа неопходно.
Одлука за Сплит
Johnson Controls нуди широка палета на мини-сплит топлински пумпи за различни апликации, како на пример:- Мулти-сплит ситеми за цела куќа
- Единици за една просторија кои се идеални за спални или
- дневни соби
- Единици што користат инвертер технологија Инвертер технологијата го усогласува доводот на електрична енергија со бараниот капацитет на топлина или разладување, така што посакуваната температура се постигнува многу побрзо. На пример, доколку греењето е поставено на температура која е многу различна од надворешната температура, ќе се користи поголема јачина на струја за да може да ја турка пумпата да произведува поголема топлина за пократок временски период. Од друга страна пак, доколку температурата не е толку различна од надворешната, тогаш ќе се користи помалку енергија. Благодарение на компресорот со променлива брзина, кој постојано работи според потребната брзина, оваа технологија ги избегнува стопирањата и стартирањата на вклучен/исклучен компресор, што всушност троши многу енергија.
Johnson Controls исто така произведува мини-сплит топлински пумпи за деловни средини, при што нуди широк избор на тавански, касетни и конзолни единици, кои ги вршат следниве функции: само ладење, топлинска пумпа и намалување на влажноста.
