Новиот систем обезбедува отклучување без клуч

Pass it on
Сликајте го ова: Излегувате надвор после долг ден на пазарење. Врне. И врне град. И темно. Вашата кола е на крајот од паркиралиштето. Веднаш до прегорената улична светилка. Па, вдишете длабоко, преместете ги сите ваши торби и почнете да се пробивате низ вировите.
Но тука кога целото дејство се променува од обичното -не можам да ги најдам клучевите од колата - па ги испуштате вашите торби - и добивате накиснато сценарио. Наместо тоа, како што и се приближувате на колата, се отвара багажникот. И вратата се отклучува - едноставно со доближување на вашата рака блиску до неа.
Ова е следната еволуција на системите за отклучување без клуч. Ова е Систем за пасивен влез и тргнување (ПАС) од две компании кои соработуваат да го развијат него - Marquardt, лидер во во електронски системи за авторизација на возењето, и Џонсон Контролс, еден од светските водечки испорачатели на автомобилски внатрешни делови, електроника и акумулатори.

Без раце!
ПАС користи уред за идентификување кој возачот го чува некаде кај себе. Потоа, кога уредот е близу до возилото, контролорот ја чувствува присутноста, отварајќи ги вратите или багажникот. Системот исто така дозволува автомобилот да тргне без клуч. ПАС ја чувствува присутноста на уредот за идентификување и дозволува возачот да ја запали колата со притискање на копчето „Старт“.
За разлика од другите системи за отклучување без клуч, за кои се потребни кодови за отклучување или копчиња за притискање за да се пристапи до карактеристиките на вратата, ПАС вклучува сензор за откривање кој е веднаш до или пред рачката на вратата на колата. Овој сензор може да одредидали раката на возачот е спремна да ја подигне рачката, за отклучување на вратата. Сето ова се случува во рок од 140 милисекунди, така што се чини дека фаќањето на рачката од вратата и отклучувањето на вратата се случува со едно глатко движење. Неверојатно, ПАС може да ја врши функцијата дури и побрзо ако тоа се бара во спецификацијата на изработувачот на автомобили..

Поедноставен систем
За изработувачите на коли, ПАС радикално го променува отварањето без клуч затоа што системот не ангажира посебен контролор туку е вграден како комуникациски линк во модулот на каросеријата. Со тоа се намалува сложеноста на вградените системи и се намалува потребата да се координираат одделни електронски компоненти. А ПАС користи пониска радио фрекфенција од претходните системи, намалувајќи го ризикот од мешање со други фрекфенции кои се искористени од автомобилот во компонентни комуникации.
Пониската фрекфенција исто така нуди друга придобивка: потребно е да бидат инсталирани помалку антени за прием за да се чита сигналот на уредот за идентификување. Ова значи пократко време за инсталирање и поврзување, овозможувајќи заштеда за изработувачите на автомобили. Така, едноставноста на откулувањето без клуч заначи едноставност и во други начини, исто така.
Мапа на страната Приватност Услови за користење Suppliers (U.S. site)
© 2012 Johnson Controls. All rights reserved.