Производи и решенија > Automotive Experience > Способности > Истражување на потрошувачи

Истражување на потрошувачи

Истражување на потрошувачи

Луѓето покажуваат на нас во вистинска насока

Разбирањето за тоа што е тоа што го цени глобалната разновидна база на потрошувачи во ентериерите на автомобилите ни овозможува да ги претвориме увидувањата што сме ги стекнале од истражувањата на потрошувачи во иновативни и конкурентни производи.

Развиените методи за истражување на потрошувачи не натера да ги напуштиме традиционалните методи на истражувања (на пр., фокусни групи и анкети). Сега ние исто така ги користиме нашите уникатни методи.

Истражувањата на потрошувачи ги проценуваат главните трендови во општеството, населението и технологијата и истите потоа се применуваат во автомобилскиот свет. Ние ги оценуваме сегашните групи на потрошувачи и идните целни групи. Ние го проценуваме влијанието на бреднот врз перцепцијата за производот. Ние ги тестираме новите концепти на производи за иден успех на пазарот. Ние исто така вршиме обемна проверка на возилата од сите ценовни групи. Се ова ни овозможува да генерираме профили засновани врз јаки и слаби страни на различни зони во полето на ентериери за возила.

Потоа, во соработка со тимовите на дизајнери и инженери, ние ја претвораме интелигенцијата на пазарот и потрошувачите во развојни решенија за автомобилски производи. На овој начин, ние можеме да ги идентификуваме клучните области каде што треба ентериерот да се подобри и да им се пружи поголема поддршка на производителите на автомобили во развојниот процес.

Нашите методи за истражување на потрошувачи вклучуваат:

  • Истражување на трендови
  • Истражување на целни групи
  • Истражување на бренд
  • Оценување на производ за ентериер
  • Истражување на концепт