Интегрираните ентериери на Johnson Controls: Производи, технолгии и процеси кои ги редефинираат вреностите

Уште пред две децении кога станавме набавувач на ентериери за автомобили, ние го проширивме нашето портфолио на производи за да вклучиме во него седишта, системи за сончеви кровови, врати, конзоли, инструмент-табли, модули за командни табли и електроника.

Интегрирани ентериери
Нашиот избор на производи е надополнет со база на знаење, која може да ја зголеми вредноста на компонентата или нивото на системот над нивото на вредноста на целокупниот ентериер на возилото.

Бидејќи на ентериерот му пристапуваме како целосен систем (а не како збир на делови) ние можеме да откриеме начини на кои значително можеме да го подобриме чувството и искуството на потрошувачот во однос на перформансот на ентериерот. Тие вклучуваат решенија во врска со удобноста, човечките фактори, фината изработка, осветлувањето и акустичките перформанси. Истовремено, ние ги поддржуваме целите на нашите клиенти во врска со брендовите преку производство на решенија за ентериер кои се соодветни за нивните сегменти на пазарот и буџетот што им е на располагање.

Клучен елемент на нашиот пристап во полето на уникатната интеграција е нашата способност да работиме со клиентите за да воспоставме мерење на перформансот на нивните ентериери. Овие мерења се засноваат врз конкурентни возила во еден сегмент, и очекувањата на потрошувачите. Од тука, ние можеме да го применуваме нашиот развоен процес во дизајнот, инженерството и производството на производите и технолошките решенија кои заеднички дефинираат вистински интегриран и оптимален ентериер.

Овие активности се поддржани од нашите лаборатории за Удобност, Акустика, Материјали и Процеси, и Сигурност. А тие пак се поддржани од низа внатрешни капацитети за тестирање.
Мапа на страната Приватност Услови за користење Suppliers (U.S. site)
© 2012 Johnson Controls. All rights reserved.