Нашите концепт автомобили ќе ве одведат во нови височини

Потребите и желбите на возачот ја оформуваат нашата визија и нашите производи.

Концепт автомобили
Врз основа на нашите студии за клиенти, дизајнерите и инженерите за производи на Johnson Controls развиваат нови концепти и иновативни производи. Резултати? Насочено внимание кон детали кое го задржува погледот на целосната слика. Преку овие методи ние креираме интегрирани решенија за ентериери кои ги исполнвуаат очекувањата на возачите и патниците. Исто толку важно е што овие решенија можат неприметно да се интегрираат во индивидуалната бренд филозофија на нашите клиенти.

Ентериерите на нашите концепт автомобили ги обединуваат визионерските концепти со идеално хармонизираните компоненти кои го трансформираат автомобилот во мобилен „дом-далеку-од-дома“ - обезбедувајќи највисоки стандарди на сигурност, удобност и естетика.

За прв пат промовиран на Меѓународниот саем за автомобили во Северна Америка во 2005 година, концептот Ikanos, ги претставува примените на технологиите на Johnson Controls во ентериерот. Сегашните верзии на Ikanos и оние што допрва се подготвуваат (грчки збор што значи „да овозможи“) ги претставуваат нашите производи како палета на инспиративни идеи кои треба да бидат земени во предвид од страна на тимовите за дизајн на возила. Технологиите и производите вклучуваат:

  • CrafTec процеси за ентериер
  • Напреден Кластер
  • Конзола за подни шини
  • Карго зона


Во 2004 развивме нов концепт на ентериер за високи автомобили наречен 3Е (Екологија, Економија и Ергономија), Тој е пример за кабина на возило што ќе се вози во блиска иднина и пристапно за голем број различни луѓе. Неговиот универзален изглед ќе обезбеди решенија поврзани со растечките социјални трендови за следните неколку генераци.

3Е концептот на ентериер е балансиран пристап што се осврнува кон еколошките проблеми, ги менува очекувањата во „економијата“ во секоторот на автомобилската индустрија, и барањата за подобрена ергономија. 3Е ентериерот е создаден од едноставни форми, бои и елементи. Во него има исто така и голем број на паметни корисни опции. Дизајнот е испробан за автомобили на бензин кои се палат со електрично палење. Во овој ентериер дизајнерите на Johnson Controls сакаат да ги исполнат сегашните очекувања на возачите во врска со практичноста и удобноста на контролната табла. При тоа, тие исто така ја истакнаа иновацијата, можностите на багажниот простор, удобноста и специјалните карактеристики.

Во 2001 година, концепт возилото Ariston на Johnson Controls искомбинира напредни, луксузни и персонализирани опции засновани врз истражувања, што не е случај со другите ентериери на концепти. Како? Со демонстрирање на ветувањето и потенцијалот на редефиниран луксуз со дизајн изграден околу пет клучни принципи:

  • Почитување на временските ограничувања на корисникот
  • Можности за самоизразување
  • Околини со повеќе сензори
  • Безвременост и минимални совети
  • Изглед кој истовремено е класичен и модерен

Etimos (претходникот на Ariston) беше креиран во нашето студиo во Европа под темата "Motoring was yesterday (Движењето е дел од минатото). Мобилноста е иднината“. Тука ентериерот станува привлечна позадина наспроти која се одмотува активниот живот на возачот и патниците. Безивичната технологија и дизајн ги рефлектираат новата свесност на корисникот, функционалност и задоволството при возењето.

Во 2000 година, концепт автомобилот Kion го претстави ентериерот како интелигентно место за живеење во иднината. Пред Kion беше Vios, кој беше флексибилен, „практичен“ концепт за секторот на мали автомобили. Пред тоа, Symbiosis и European Show Vehicle (ESV) покажаа што се наѕира на хоризнотот во смисла на подобрената функционалност и ергономија.

За повеќе информации во врска со нашите концепт автомобили, ве молиме контактирајте го вашиот регионален претставник за медиуми.

Мапа на страната Приватност Услови за користење Suppliers (U.S. site)
© 2012 Johnson Controls. All rights reserved.