Производи и решенија > Automotive Experience > Способности > Материјали и животна средина
Материјали и животна средина
Нашиот перформанс и одговорноста кон животната средина одат рака под рака
Преку набавка, рециклирање и повторно користење на материјали, ние успеваме да постигнеме перформансот на материјалите што ги користиме во инженерството да бидат целосно компатибилни со заштитата на животната средина.
Развивањето на материјали и оценувањето во Johnson Controls го раководи нашата група за Современи материјали и процеси во инженерството. Нашиот тим за современи материјали и процеси во инженерството подготвија портфолио на субстрати, тапацир, и материјали за обложување на површини за компоненти на ентериери кои секогаш ги земаат во предвид специфичните потреби што секој од овие материјали мора да ги задоволи.Секој материјал мора да ги исполнува функционалните барања, какви што се отпорност на носење и кинење и лесно одржување. Исто така и изгледот и допирот на материјалите - плус начинот на кој тие се комбинираат еден со друг - мора да играат одлучувачка улога во помагањето да се направи возилото што поудобно за неговите корисници.
Меѓутоа, истовремено, ние мораме да бидеме посветени на користење на нашите природни ресурси на одговорен начин што секогаш ќе биде во согласност со законите и регулативите за заштита на животната средина. Ова особено се однесува на првичните развојни фази на новите производи, кога разработуваме процеси на составување на производ кој е насочен кон структури кои се лесни за расклопување и во кои се користат материјали што можат да се рециклираат и повторно да се употребат.
Стручноста на нашите специјалисти за материјали и нашите капацитети за тестирање за широка палета на производи ни овозможува да бидеме проактивни во исполнувањето на новите стандарди за заштита на животната средина и законските барања. При тоа, ние остануваме фокусирани кон потребите на нашите клиенти На овој начин, ние можеме да постигнеме оптимални услови во производството и во текот и на крајот од животниот век на нашите производи.
Исто така иднината изгледа надежна. Тоа е така затоа што ние разработивме одржливи еколошки концепти за рециклирање кои веќе ги исполнуваат барањата на Европската унија содржани во Директивата за 2015 година за Возила со истечен животен век.
