Производи и решенија > Automotive Experience > Електроника > Информации за возач
Информации за возач
Информации за возач: Нови перспективи во Ергономија, Индивидуалност и Флексибилност
Визијата на Johnson Controls и долгогодишното искуство во полето на информации за возачот доведоа до суштинско разбирање на работите што се бараат во оваа област.
Ние утврдивме критериуми кога станува збор за исполнување на потребата за претставување на информации на разбирлив, флексибилен начин, истовремено нудејќи оптимална читливост, ергономски дизајн скроен според ентериерот и ефикасни состави кои заштедуваат простор. Нашите флексибилни решенија за претставување на информации за возачот ги исполнуваат овие потреби, а нудат и повеќе од тоа, односно обезбедуваат идеални мехатронички комбинации на електроника, механика и човечки фактори. Благодарение на нашите опсежни истражувања и тестирања, нашите решенија за интерактивна машина (HMI) се оптимално скроени според барањата на возачите. Нашите интуитивни производи обезбедуваат јасни, концизни информации кои ги олеснуваат секојдневните задачи на возачот.Придобивките на возачите од хармоничниот дизајн, ергономијата, читливоста и способноста да се прилагоди начинот на кој се презентира информацијата им помагаат да бидат соодветно информирани. Примери за ова се нашите аналогни и дигитални кластери на инструменти, кои го информираат возачот, а истовремено визуелно го зголемуваат внатрешниот простор. Истото се однесува и за нашите квалитетни часовници, кои секогаш го покажуваат точното време како резултат на CAN или LIN интерфејсот или радиоконтролата. Покрај тоа, нашите монохромни екрани со висока резолуција - LCD (Liquid Crystal Display - Екран со течен кристал) и VFD (Vacuum Fluorescent Display - Флуоресцентен вакуум екран) ја поддржуваат најновата технологија за изведување на најразлични информативни задачи.
Компактни инструменти, максимални бенефиции: Нашите Екрани за предупредување при паркирање (Park-Distance Warning Displays) им овозможуваат на возачите да изведуваат тешки маневри без да предизвикаат штета. И нашиот сигурен PathPoint Compass (Компас) со автоматска калибрација, кој може да се интегрира во постоечкиот дизајн, им обезбедува да се движат во вистинската насока. Тоа е издржлива и ефтина алатка за навигација.
Нашите Решенија за информации за возач вклучуваат:
- Кластери
- Екрани
- Компас системи
- Часовници
- Екрани за предупредување при паркирање
