Експертиза за дизајн на интерактивна машина

Експертиза за дизајн на интерактивна машина
Како дел од глобалниот Тим за индустриски дизајн на Johnson Controls, нашата Група за дизајн на интерактивна машина ги анализира, дизајнира, проценува и имплементира интерактивните електронски системи во автомобили. Нашите истражувачки активности се насочени кон врската меѓу луѓето, технологијата и задачите на возачот. Увидот што го добиваме ни помага да создадеме материјални резултати кои како крајна цел ја подобруваат корисноста на нашите производи. Како? Со намалување на работните активности на возачот, и следствено на тоа, подобрување на негово возачко искуство. Ние исто така го балансираме интегрирањето на возилото, темите на клиентот и дизјаните на производи со интерфејс и елементи на однесување на производ.

Нашите Експерти за дизајн на интерактивни машини (HMI) работат во рамките на интердисциплинарен тим кој ги надополнува карактеристиките на производите од полето на индустрискиот дизајн, истражувањето на потрошувачи, истражувањето на пазарот, дизајн на интеракција, дизајнери за симулација на хардвер и софтвер, човечки фактори, графички дизајн и студио инженерство. Покрај нашите технички вештини и интелектуални способности, еден од нашите клучните факотри е специфичниот развоен процес на дизајн на интерактивна машина.
  • Истражување - дизајн, потрошувачи, и истражување на пазарот со фокус на социјалните, културолошките и демографските податоци.
  • Анализа - раното вклучување на проектот започнува со фазата на анализа. Во рамките на оваа фаза ние спроведуваме квалитативно истражување за поцелосно да ги сфатиме проблемите во врска со интеракцијата. За квантитетно истражување, ние соработуваме со надворешни истражувачки институции.
  • Концепт - Тука ги конвертираме наодите од истражувањето за да подготвиме холистички концепт за дизајн на итнерактивна машина кој ги поддржува потребите на нашите клиенти. Ние го постигнуваме ова преку процеси на идеализација, визуелизација и чекори за изводливост кои се насочени кон решавање на проблеми, и кои го дефинираат и докажуваат концептот.
  • Модел - Брзите техники за изработка на прототипи (физички и виртуелни) ни помагаат да имаме пристап до нашите концепти за интерактивни машини како што се интерфејси за корисници на графика, интерфејси за корисници на глас и интерфејси за корисници на материјални предмети.
  • Тестирање - Ние ги тестираме нашите дизјанерски концепти на интерактивни машини во нашите ергономски лаборатории, лаборатории за употребливост и во реална животна средина. Нашите методи за оценување на квалитетот ни овозможуваат да го мериме успехот на дизајнот на интерактивните машини, технологите што ветуваат и интерактивните примероци.
  • Имплементација - Во оваа фаза ние му даваме поддршка на нашето инженерсто за хардвер и софтвер за да ги постигнеме спецификациите на нашите клиенти за интерактивните машини
Мапа на страната Приватност Услови за користење Suppliers (U.S. site)
© 2012 Johnson Controls. All rights reserved.