Производи и решенија > Automotive Experience > Ентериери > Системи на појаси за седишта

Системи на појаси за седишта

Системи на појаси за седишта

Модуларни, флексибилни и ефтини: Решенија за појаси за седишта од Johnson Controls

Ние сме пронаоѓачи и водечки производител на системи и модули за сончеви кровови, вклучувајќи и визири за сонце, рачки, конзоли над глава, и обвивки за кров.

Желбата на потрошувачите да ги персонализираат нивните возила и да влијаат врз дизајнот на ентериерот на автомобилот има се поголемо значење. Како резултат на тоа, врвната функционалност и естетиката на сончевите кровови рапидно се зголемија. Токму заради тоа, ние ги поставивме највисоките стандарди за квалитет во развивањето на решенија за појаси за седишта. Токму затоа, ние ги земаме во предвид барањата на производителите на автомобили, а при тоа во ниту еден момент не ги губиме од вид потрошувачите. И токму затоа, ние продолжуваме во пронаоѓање на паметни и корисни решенија. Нашата нова технологија на шиење на преклопени шавови за штитници од сонце претставува добар пример за овие факти. Како нашиот текстилен украсен дел за граничник меѓу предна и задна врата добиен со задно вбризгување во калап, тој овозможува да се постигне поквалитетна фина изработка со пониски трошоци.

Милиони комплетни системи за сончеви кровови, произведени за сите сегменти на автомобилската индустрија ги напуштаат нашите фабрики низ целиот свет секоја година - точно на време.

Нашите системи за сончеви кровови всушност ја донесоа можноста за нови опции за складирање и испорака на информации. Нашиот уникатен RailPort™систем за складирање во деловите од сончевиот кров им дава на потрошувачите сосема нов начин на гледање на практичните каратеристики на нивните возила. Специјализирани модули кои се на располагање од широк спектар на лиценцирани познати производители на брендови обезбедуваат избор кој нуди опции во полето на забава па се до складирње и практичност.

Друга важна карактеристика за Johnson Controls се облогите за покрив и украсните облоги на граничниците меѓу предните и задните врати кои се изработени од најширокиот спектар на композитни материјали во индустријата. Тие се усогласени со бројните различни брендови на нашите клиенти во секој сегмент од пазарот.