Нашите кокпити и инструмент табли се резултат на единственото познавање на материјалите и процесите

Кога е во прашање исполнувањето на строгите барања за перформанс, естетика и економичност, инструмент-таблата се вбројува меѓу компонентите на ентериер кои носат со себе најголем предизвик.

Кокпити и инструмент-табла
Овде се наброени само неколку од барањата што треба да се исполнат:

  • Долготрајност
  • Интеграција со воздушно перниче за патник
  • Апсорпција на енергија
  • Стајлинг соодветен на сегментот
  • Одговорност кон животната средина

Нашето искуство во полето на дизајн на инструмент-табли, инженертво и производство е големо и глобално. Како резултат на тоа, ние можеме подобро да ги разбереме и да ги исполниме барањата на клиентот. Ние продолжуваме да го надградуваме нашето искуство со развивање и нудење на разновидни опции на дизајн на инструмент-табли. Тука спаѓаат ексклузивни решенија кои се фокусираат на мајсторската изработка и перформансот. Нашите клиенти имаат голема корист и од искуството што го имаме стекнато при изведувањето на многу видови на решенија на воздушни перничиња за патници монтирани на врати вклучувајќи и дискретни, интегрирани и сокриени.

Нашето богато портфолио на производи вклучува решенија за површини од основно ниво па се до решенија во луксузниот сектор кои варираат од тврди површини добиени преку вбризгување во калап под притисок, до целосно меки и првокласни површини. Ние развиваме посовремени површини на интрумент-табли преку технологии како што се In-Mold Graining и RIM skin. Ние создадовме богато портфолио на субстрат технологи кои вклучуваат вбризгување во калап под притисок, обновливи природни влакна, и можни решенија што користат долг стаклен полипропилен зајакнат со влакна. Покрај тоа, нашата експертиза во полето на моделирање од задна страна доведе до ексклузивни процеси на здружување. Нашата CrafTec family ги вклучува решенијата MCI (Multi-Color Injection Мolding - вбризгување во калап под висок притисок во повеќе бои), PMB (Partial Mold Behind - делумно ставање во калап на заден дел) и P-FiP (Partial Foam-in-Place - делумно ставање на пена) - и секое од нив се карактеризира со мајсторска изработка и вредност.

Како лидер во методите JIT (Just-in-Time - точно на време) и IVS (In-Vehicle Sequence - секвенца во возило), ние обезбедуваме за нашите клиенти целосно склопени и тестирани модули на кокпит (контролна табла). Нашите иновативни состави и системи за достава се направени на начин на кој ги исполнуваат барањата за уникатните состави на возила на нашите клиенти.

Како набавувач на кокпит (контролна табла) подсистеми, како што се инструмент-табли и фини доработки, инструмент кластери и електроника, ние исто така подготвуваме интегрирана кокпит структура со Thyssen Krupp. Тука целите се намалување на времето на подготвување, трошоци и тежина, а истовремено подобрување на перформансот. Прототипот ќе биде претставен во нашиот изложбен дел на овогодишниот IAA саем во Франкфурт.
Мапа на страната Приватност Услови за користење Suppliers (U.S. site)
© 2012 Johnson Controls. All rights reserved.