Производи и решенија > Automotive Experience > Ентериери > Панели за врати и системи за врати
Панели за врати и системи за врати
Нашите панели за врати и системи за врати го претставуваат највисокото ниво на мајсторска изработка и перформанс.
Со надградувањето на искуството стекнато од дванаесетина програми за панели за врати, со скоро секој ОЕМ клиент, Johnson Controls е окарактеризиран како единствена компанија што може да ги претвори барањата на клиентот во иновативни решенија за возила во секој сегмент од пазарот.
Растечките очекувања на клиентот и потрошувачот за допадлива естетика, квалитетна мајсторска изработка и долготрајна функционалност го поттикнува развојот на иновативни материјали и процеси. Токму затоа, нашите инженери кои имаат специјализирано во нашите технички центри во Европа и Северна Америка соработуваат за да ги прошират опциите за нашите клиенти за целосни панели на врати во кои се комбинираат субстрат материјали, површински материјали и ламинатни процеси. Резултатот е водечко портофлио на производи во индустријата со широка палета на решенија кои ги исполнуваат најспецифичните барања на клиентите. Нашите капацитети исто така вклучуваат персонал за индустриски дизајн кој им помага на клиентите при креирањето на тематски опции за ентериер на возило кои се во согласност со можностите на буџетот.Нашето портфолио содржи обновливи, природни технологии што се засноваат на влакна кои се лесни и еколошки, и имаат добри акустички и енергетско-апсорбирачки својства. Ние користиме ексклузивни процеси кои овозможуваат селективно поставување на меки делови на површината на вратата, со истовремено интегрирање на компоненти и подобрување на фината доработка. Исто така поседуваме капацитети за развој и инженерство со кои им помагаме на клиентите и нивните набавувачи на механичка опрема во изведувањето на различни нивоа на интегрирани системи за врати. Тие вклучуваат решенија каде панелите за врати и металните делови за врати се комбинираат во модул при што носачите на модулот имаат интегрирани површини.
