Акустика

Во моментов во Johnson Controls се одвива Еволуција на тишината со цел да се ограничи буката во ентериерот

Сега можеме точно да предвидиме и да ја подобриме контролата на буката пред дизајнот да заврши и да се започне со изработка на алатите.

Два капацитета од светска класа - Лабораторијата WAVE, лоцирана во Северна Америка и Центарот за акустика и комфор, лоциран во Европа - се водечки индустриски развојни центри за акустика во возила. На овие две места ние на единствен начин ги комбинираме 100-годишното искуство на тимот во полето на акустика и искуството во полето на интегрирани производи за ентериер со модерните технологии и капацитети за да ги надминеме барањата содржани во програмата за возила и очекувањата.

Ние исто така го подобруваме акустичкиот перформанс на деловите во ентериерот и го доведуваме до оптимум нивниот интерфејс со пакетот NVH (Noice Vibration Harshness - Бука Вибрација Грубост) Резултати? Потрошувачите можат да искусат подобар акустички перформанс, а во исто време производителите на автомобили да имаат придобивки од намалувањето на тежината и трошоците (на пр. За возило од средна класа ние го зголемуваме индексот* на артикулација за 8% и ја намалуваме тежината за 7 кг).

Johnson Controls исто така востановува трендови во развивањето на нови материјали со акустички перформанси и карактеристики. Тие вклучуваат користење на нови видови текстил, пена на седишта, субстрати за облога на покрив, како и носачи на панели за врати и инструмент-табли.

Примери за Нашите акустички решенија:

  • Компоненти на орнаменти за ентериер изработени од соодветни материјали со добар перформанс
  • Подсистеми кои работат со преостанатиот дел од возилото со цел да ги третираат критичните патеки на бука
  • Интегрирање на целокупниот ентериер за да се исполнат акустичките цели во возилото
  • Аудио и електронски системи
  • Обезбедување на квалитетен звук на компонентите и системите кои создаваат бука во ентериерот


*Класичното мерење на бука (искажано во dB) го оценува само вкупното ниво на притисок на звук, додека пак индексот за артикулација дозволува правење на подетална анализа. Тоа може да ги квантифицира ефектите од буката врз луѓето преку правење на корелација на објективен параметар (бука) со субјективен параметар (пореметување од бука).