Производи и решенија > Automotive Experience > Технологија > Човечки фактори
Човечки фактори
Нов поглед кон Човек/Возило интерфејс
Како што луѓето поминуваат се повеќе време во нивните возила, ние поминуваме се повеќе време во изнаоѓање начини да им помогнеме да управуваат со функциите кои инаку би било тешко да се користат.
Johnson Controls ги интегрира најновите пронајдоци во полето на когнитивната ергономија во развојни процеси на производи. На овој начин, нашата Група за човечки фактори може да биде партнер со нашите тимови за внатрешен дизајн уште на почетокот на развојниот процес за да изгради елементи за контрола кои се лесни за употреба и кои потрошувачите ќе ги разберат и ќе ги користат.Покрај тоа, нашето студио на искористеност им помага на инженерите да ги идентификуваат и да ги решат сензорните, когнитивните и физичките атрибути уште во почетната фаза. Заради тоа, производите можат да стигнат на пазарот многу порано, по пониски трошоци и без потреба истите да бидат преработувани и повторно разработувани.
Лабораторија за човечки фактор:
- Ги применува принципите на корисниците во концептите и прототиповите за да им понуди на тимовите за дизајн повратен одговор уште на самиот почеток
- Ја потврдува потребата од подетална процена на симулаторот за возење на Johnson Controls
- Ги утврдува нивоата за безбедност на возачот, удобноста и уживањето
- Им дава насоки на тимовите за дизајн на производ во врска со карактеристиките што можат да влијаат врз возачкиот перформанс и физичката и менталната добросостојба.
