Производи и решенија > Automotive Experience > Технологија > Осветлување

Осветлување

Осветлување

Една по друга добри идеи Решенија за осветлување на Johnson Controls

Кога размислувате колку форми на осветлување постојат во денешните возила, лесно е да се забележи зошто оваа тема е толку важна.

Од лампа за читање мапа и светла за читање, до амбиентално светло, осветлени екрани, осветлување на заден дел и индикатори, ентериерите на возилата претставуваат предизвик во поглед на осветлувањето затоа што тоа е уникатно за секој модел засебно. И конечно, дизајнерите мораат да го земат во предвид широкиот опсег на функционални и естетски фактори. Кои се информациите за предупредување, ориентација, добросостојба, перцепција за простор и безбедни функции што овие светла мораат да ги исполнат? Дали се тие практични за употреба? Дали се тие во хармонија со целокупниот дизајн на возилото? Дали нивната цена на чинење е оправдана од нивната употреба?

За да одговориме на овие - и многу други прашања - ние имаме тимови за интегрирање на дизајн, како и истражувања на потрошувачите и групи на инженери кои ги користат лабораториите за осветлување во нашите технолошки центри во Северна Америка и Европа. Нивните цели? Да разработат решенија за осветлување кои се:

  • Интегрирани со нашите компоненти на ентериерот
  • Хармонични во интензитетот на светлината, бојата и изгледот со другите лампи и компоненти на задни светла низ целото возило
  • Дизајнирани и развиени со користење на ASAP и SPEOS оптички софтвер за моделирање и ексклузивни алатки за дизајн на Johnson Controls
  • Дизајнирани за да ги задоволат потребите на потрошувачите, да имплементираат нови технологи за осветлување, да ги искористат до максимум можностите за интегрирање и да обезбдат производи за потрошувачите по пониски трошоци