Производи и решенија > Automotive Experience > Технологија > Сигурност
Сигурност
Ние одиме и подалеку од регулативите и индустриските стандарди, со цел да ги подобриме сигурносните стандарди
Сигурноста на производот и возилото стана клучен критериум при купувањето. Потрошувачите очекуваат ентериерот на нивните возила да обезбеди максимална заштита за сите корисници.
Токму затоа одделите за сигурност во Johnson Controls се специјализирани за исполнување на овие очекувања. Како? Со набавување на оптимални решенија за интеграција за сигурносни компоненти (на пр. воздушни перничиња) и прозводи за подбрување на сигурноста и удобноста (на пр. активни потпирачи за глава).Во нашите лаборатории за тестирање низ целиот свет, се проучуваат индивидуалните делови за да се обезбеди нивно придржување кон важечките норми. Тука исто така се добива увид за стабилноста и на модулот и материјалот. Откако ќе се соберат сите наоди, тие се користат за понатамошно подобрување на производите.
Придржувањето кон федералните регуалтиви за сигурност и критериумите од групи какви што се Осигурителен институт за безбедност на автопат е многу важно во производството на сигурни производи. Покрај ова, ние се приклучивме кон Европската напредна мрежа за пасивна безбедност за да стекнеме уште поголемо знаење и разбирање за тоа како можеме да креираме производи кои обезбедуваат највисоко можно ниво на сигурност за возачот и патниците.
Фокус на сигурноста:
- Проактивно предвидување на построги барања од EuroNCAP, USNCAP и други
- Идентификување на барања и услови за сигурност
- Креирањето на барања за сигурност во Анализа на мерливи елементи (FEA)
- Применување на контроли кај карактеристики и производи кои се критични во поглед на сигурноста.
