Производи и решенија > Building Efficiency > Пожар и обезбедување > Пожар

Системи за противпожарна заштита

Ние не сме само посветени на заштитата на луѓето и имотот, туку исто така во оваа индустрија ги поставивме и стандардите, брзата реакција и сигурноста на нашите противпожарни решенија.
Системите за обезбедување на животи веројатно се најважната инвестиција што нашите клиенти ќе ја направат во нивните објекти. Овие системи континуирано ја заштитуваат нивната инвестиција, 24 часа на ден, 365 дена во годината.
Ние бевме први што ги воведовме Интелигентните противпожарни панели. Со овие панели вие ќе бидете безбедни со тоа што ќе го имате нашиот аларм за известување кој е специфичен за прецизни локации во вашата зграда, така што ќе можете да го идентификувате точниот извор на проблемот, заштедувајќи при тоа време и избегнувајќи конфузија што се случува во итни состојби.
Со нашите контролори на пожар вие ќе добиете повеќе можности отколку што нудат големите интелигентни системи, и тоа според цена колку што чинат конвенционалните панели за контрола. Контролорите поддржуваат бројни индивидуални идентификувани и контролирани точки кои се приспособени на големината на објектот.