Building Efficiency Global WorkPlace Solutions
Создаваме деловна предност
Тоа е она што го правиме за корпорациите-лидери на пазарот, глобално.
Johnson Controls е корпоративен деловен партнер кој ќе ги планира, креира, управува и обновува Локациите во светот каде бизнисите Функционираат.
Ние составивме уникатен спектар на услуги кои создаваат реални вредности за мултинационални компании низ комплетниот животен циклус на една деловна локација, помагајќи во подобрувањето на деловните операции, унапредувањето на човечките ресурси и намалувањето на трошоците.
Глобално, ние сме организирани околу нашите клиенти, не околу земји или производни линии. Нашите ресурси и донесувањето одлуки ги фокусираме така што ги задоволуваме пазарните потреби на најдобар начин.
Ние даваме проникливи решенија за деловните локации преку 125 години, инвестирајќи во нашата главна дејност, за нашите корисници да можат да се фокусираат на нивната.
Ние составивме уникатен спектар на услуги кои создаваат реални вредности за мултинационални компании низ комплетниот животен циклус на една деловна локација, помагајќи во подобрувањето на деловните операции, унапредувањето на човечките ресурси и намалувањето на трошоците.
Глобално, ние сме организирани околу нашите клиенти, не околу земји или производни линии. Нашите ресурси и донесувањето одлуки ги фокусираме така што ги задоволуваме пазарните потреби на најдобар начин.
Ние даваме проникливи решенија за деловните локации преку 125 години, инвестирајќи во нашата главна дејност, за нашите корисници да можат да се фокусираат на нивната.
Глобални решенија за деловните локации за вашиот бизнис, каде би требаат, кога ви требаат.
|
Real Estate Ние нудиме интегрирани корпоративни услуги за недвижнини кои започнуваат со интелигентно размислување, за да се изгради јасна имотна стратегија во склад со вашите деловни цели. Потоа, користејќи дисциплиниран, технолошки воден процес, и одбирајќи ги најдобрите локални партнери, осигуруваме дека вашиот бизнис ќе го добие вистинскиот простор, во вистинско време, на вистинско место и со вистински трошок. |
Projects Нашите тимови реализираат комплексни проекти насекаде во светот во чувствителни, „живи“ средини. Ние обезбедуваме едно централно место за услуги за дизајн и проектно управување на градежни работи, обновувања, релокации и преселби. Од критични инженерски проекти до програми за ребрендирање, ние имаме докажано искуство во испорака на вистински решенија, навремено и во рамките на предвидениот буџет. |
Facilities Доверено ни е да управуваме со повеќе од сто и дваесет милиони квадратни метри, на глобално ниво за некои од најголемите светски компании. Ние ги создаваме, обезбедуваме и испорачуваме сите услуги потребни за непречено работење. Преку интеграција на нашето знаење со индустриската експертиза, комбинирано со внимателно развиени процеси и технологии, ние создаваме циклус на континуирано подобрување. Се водиме од идејата да пронајдеме нови начини за намалување на трошоците и подобрување на квалитетот на активностите во областа на финансискиот менаџмент, за да постигнеме предност пред конкурентите. |
|
Energy Џонсон Контролс е глобален лидер во решенија за управување со енергијата и нејзина одржливост. Ние работиме со нашите корисници за да создадеме одржливи енергетски решенија што ги намалуваат како трошоците така и влијанието врз животната средина. Почнувајќи од советувања кај стратегии за побарувачка и нејзино задоволување па сè до имплементирање на технологии за енергетска заштеда, нашите енергетски експерти може да им помогнат на корпорациите да влијаат врз нивниот triple bottom line (ТБЛ). |
Workspace Ние можеме да анализираме, препорачаме и имплементираме решенија за подобро искористување на деловните локации за која било деловна активност, која делува во кој било сектор и во каков било објект. Нашите решенија за деловните локации се прогресивни, реално изводливи и одржливи. Резултатот е простор што одговара на вашите деловни потреби, со намален трошок за негово користење, подобрена ефикасност и продуктивност. |
Technologies Во центарот на нашата понуда се наоѓаат технологии кои овозможуваат моќни споредби, анализи и извештаи со цел за донесување подобри одлуки низ животниот циклус на деловната локација. Нашето технолошко решение за корпоративни недвижнини, Sequentra®, им овозможува на корисниците ефикасно да управуваат со информации за локации, трансакции, проекти и мерење на учинокот. Нашата наградувана технологија за управување со просторот, VISIBLE Living Lab, овозможува информирање во реално време за искористеност на објекти. Овие нови информации даваат актуелен увид кој ни овозможува да ги трансформираме перформансите на деловната локација. |
|
Infrastructure Ние работиме со нашите клиенти за да интегрираме разни градежни системи, како управување со градби, сигурност, видео-надзор, противпожарни технологии и технологии за далечинско управување за да создадеме интелигентни бизнис средини. А со наша помош бизнисите ќе можат да ги забележат овие подобрувања без искористување на капиталните резерви или влијание врз кредитниот рејтинг. Без разлика дали градбите се ожичени, безжични или се комбинација од двете, ние можеме да интегрираме ИТ, градежни и комуникациски системи што ќе поддржат секаква мисија на компанијата. |
Consulting Секој ден, низ целиот свет, ние ги поддржуваме нашите корисници во создавањето попродуктивни и поодржливи места за работа. Ние сме специјалисти во советувањето на бизнисите за тоа, како да ја доведат до максимум вредноста на активата на деловната локација за да ги исполнат комерцијалните цели. Намалување на трошоците, одржување континуитет на бизнисот, зголемување на ефикасноста, постигнување одржливост, привлекување и задржување таленти се само некои од придобивките, кои бизнисите можат да очекуваат дека ќе ги постигнат преку нашите консалтинг решенија. |
GLOBAL WORKPLACE SOLUTIONS
Find out more about Global WorkPlace Solutions from our English language website.
Read more...
Read more...
