Производи и решенија > Building Efficiency > HVAC - Греење, вентилација, климатизација > Сервисирање
Услуга која го максимализира перформаност на вашата зграда.
Без разлика колку софистицирана е вашата бизнис инфраструктура, вам ви се потребни експертски услуги за одржување за да бидете сигурни дека вашиот бизнис функционира стопроцентно во секое време. Johnson Controls може да дава совети и да нуди низа општи услуги за одржување преку неговите добро обучени тимови и преку мрежа на одобрени партнери за набавка.Johnson Controls Service обезбедува технички инженерски решенија, кои ја подобруваат издржливоста и ефикасноста на постројките и системите. Преку планирани превентивни режими на одржување и нова технологија, како што е далечинскиот надзор, ние обезбедуваме оптимална работна средина, а истовремено ги намалуваме трошоците за одржување и работиме во согласност со законските регулативи.
Услугите на Johnson Controls се на располагање 24 часа, 7 дена во неделата и тие опфаќаат:
- Одржување на механика и електрика
- Прегледи на управувањето со енергија и надградби
- Надградба и инсталции за греење, вентилација и климатизација
- Одржување на разладувањето од специјалист во таа област
- Инсталации, надградби и сервисирање на системи за управување со згради
- Изградба и поправки на материјали и одржување
- Проверка на средства и статус на планирани програми за одржување
- Компјутеризирани средства и одржување на системи за управување
- Резидентни, статични или мобилни техничари
- Далечински надзор на перформанси на зграда и аларми
- Автоматско бирање на системи за управување со згради
- Процена на ризик по здравјето и безбедноста
- Управување со проекти
- Управување со специјалист поддоговарач
- Електронски и пнвематски контроли
- Одржување и поправка на системи за пожар и насилно влегување
- Тестирање на преоносливи уреди
- Надградба на осветлување
- Третирање на вода
- Предвидување на идни трошоци
Ние веруваме дека за вистински партнерства е потребна добра комуникација, а нашите услуги не завршуваат кога нашиот инженер ќе ја заврши својата работа на самото место. Заради тоа, ние обезбедуваме повратни информации и извештаи за нашите клиенти кога е тоа соодветно, помагајќи им со тоа да извршат процена на нивните згради и да ги планираат нивните идни буџети.
Кога ќе дојде време, запаметете дека Johnson Controls е местото каде треба да се јавите.
Кога ќе дојде време, запаметете дека Johnson Controls е местото каде треба да се јавите.
