Ние ви помагаме да ја контролирате вашата работна околина. Без разлика дали сакате да ја регулирате температурата за да имате удобна околина или пак барате инсталирање на пумпа за греење за да произведува топла вода по многу ниски трошоци на чинење, ние можеме да ви помогнеме.

Придобивката од нашата опрема за греење и дизајнот на контролите е ниската потрошувачка на енергија, особено кога работи без полн капацитет.
Ова во голема мерка ги намалува оперативните трошоци.

Ние се стремиме да понудиме решенија кои бараат лесно одржување, што пак резултира со ниски трошоци за сервисирање и минимално време на нефункционирање на производот. Сите поправки можат да се извршат на лице место, во просториите на клиентот, со што се намалуваат трошоците за поправка и минималното време на нефункционирање на производот.

Нашиот специјален дизајн обезбедува ниско ниво на бука и вибрации, со безбедно работење кое не ја загадува животната средина. Ние исто така нудиме можност за поврзување на опремата со целосен систем за контрола и надзор со интегратор апликација која овозможува опремата да стане составен дел на мрежата за надзор на зграда и на автоматизираниот систем.
Мапа на страната Приватност Услови за користење Suppliers (U.S. site)
© 2012 Johnson Controls. All rights reserved.