Building Efficiency > HVAC - Греење, вентилација, климатизација > Системи > Климатизација

Ефикасна климатизација која штеди енергија

Климатизацијата не значи само извлекување на топлината од областа со користење на циклус за ладење. Надворешните услови претставуваат предизвик и влијаат врз температурата и нивоата на влажност низ целата зграда.

Системите за ладење и греење се користат за да исполнат најразлични потреби низ целиот свет. Без разлика каде работиме: училишта, театри, болници, музеи, библиотеки, хотели, стадиони, канцеларии, ние ги земаме во предвид околината, трошоците и станарите без да ја нарушиме удобноста.

Од доставување на разладен или загреан добро филтриран воздух низ цел канцелариски блок или друг објект, до обезбедување на разладена вода за климатизација на голем аеродромски терминал, ние можеме уште денес да ги исполниме вашите барања.

Со нудење на инженерски услуги, опрема, сервисирање и поддршка, Johnson Controls одговара на сите потреби на зградата и на сопственикот.