Johnson Controls се обидува да реши скоро невозможни задачи и успева во тоа

Logistics
Доволно е тешко да се собере семејството на едно место за време на празници. Но, замислете го предизвикот да соберете 3.500 вработени кои се наоѓаат распоредени во шест згради и да ги сместите под еден покрив. Потоа додаете на тоа масивен проект за реновирање и фактот дека постојните закупи за тие шест згради истекле во различни временски периоди, што значи дека вие имате добар потенцијал да доживеете логистички ноќен кошмар.
Токму тоа е она сo коe се соочува Одделението за одбрана и безбедност при Европската компанија за аеронаутичка одбрана и вселена (EADS). (EADS е глобален лидер во обезбедувањето на услуги во полето на аеропросторот и одбраната, тука исто така се вбројува и Airbus, додека пак Одделението за одбрана и безбедност обезбедува безбедносни решенија).
По анализирањето на нивната понуда и различната природа на групите на вработени во Париз, EADS одлучи да ги консолидира локациите, при што му се обрати на Johnson Controls и на неговиот тим за Решенија во полето на енергијата и животната средина (EES) за логистичка експертиза.

Големи предизвици

Предизвиците со кои се соочи тимот беа огромни. На пример, персонал од 3.500 вработни требаше да биде префрлен во една централна зграда за шест месеци - многу краток рок дури и при максимална организираност. А бидејќи префрлањето беше диктирано од истекот на закупите за зградите во кои беа сместени вработените, немаше простор за промени на рокот. Секое отстапување од претходно утврденото и надвор од задолжителните рокови значеше потенцијални плаќања на казнени поени. Згора на тоа, централната зграда требаше целосно да се реновира.
За таа цел, Johnson Controls одлучи да го замени системот на зградата за греење и гасење пожар и инсталацијата на единиците за климатизација, и да го инсталира системот за управување со згради Metasys, кој им овозможува на корисниците да ги контролираат бројните функции на зградата, како што се управување со воздух, осветлување, надзор на безбедноста и комуналните услуги преку внатрешна мрежа на зградата или преку Интернет. Ова беше задача од монументално значење, но Johnson Controls успеа да ја реновира зградата и во исто време да ги пресели вработените.
Користејќи фазен пристап, EES тимот ги реновираше зоните во објектот и ги преселуваше вработените крило по крило. Овој фазен пристап значеше непрекинато работење - како за тимот на Johnson Controls така и за вработените на EADS, Најдобро од се е што реновирањето и преселувањето беа завршени за шест месеци - доказ за вештините, заложеноста и оперативната ефикасност на EES тимот.
Мапа на страната Приватност Услови за користење Suppliers (U.S. site)
© 2012 Johnson Controls. All rights reserved.