Home > Технологија > Врело и студено
Врело и студено
Johnson Controls ги тестира своите акумулатори со оловна киселина во екстремни услови што овозможува создавање подобри акумулатори
За патниците ширум светот, Лас Вегас е игралиште за возрасни, едно место каде времето се чини дека застанало-од таа причина во ентериерите на казината и салоните нема часовници–следното реално време е обично такси во заминување. Всушност, Вегас може лесно да се натпреварува со актуелно место во која било метропола за титула на „град што никогаш не спие“.Заради својата природа на вечна будност и заради климата, градот претставува перфектно место за тестирање на акумулаторите со оловна киселина на Johnson Controls. На крајот, сообраќајот со тргнување и застанување и продолженото возење на такси возилата дозволува компанијата да ги „тестира до бескрај“ дизајнот и компонентите на акумулаторите.
„Причината поради која такси возилата се добар избор е затоа што сакаме да користиме возила што поминуваат многу километри за кратко време“, вели Боб Грунстерн, директорот на Производственото инженерство. „Од автомобилската гледна точка, [такси возилата] се едни од нашите најдобри примероци.“
Во минатото, Johnson Controls тестираше и полициски возила во ретко населени држави за да може да се следи возење на големи растојанија. Но, Лас Вегас овозможува одлична мешавина на разновидности за долготрајно тестирање: високи летни температури, оптеретен сообраќај и непрекината активност. Тоа се толкува за такси возилата што постојано се користат-одличен начин за тестирање на издржливоста на акумулаторите.
Тестовите на патишта под висока температура, слични на оние во Лас Вегас се протегаат и во јужна Европа и на средниот Исток за да ги објаснат дизајните на локалните акумулатори, како и на типовите на локалните возила.
Но, високите температури не се единствената екстремна средина што ја користи Johnson Controls. Тестовите на ниски температури се извршуваат редовно заедно со производителите на автомобили на нивни терени за тестирања во зимски услови во северната скандинавска оласт на Европа. Ниските температури го поттикнуваат акумулаторот на големи електрични празнења за да го запали ладниот мотор со високо вискозно масло и на прифат на оптоварувањето што е отежнато со ниските температури.
Тестови
Тестирањето на патишта при екстремни врели и студени температури се извршува за да се симулираат вистинските услови. Сепак, повторливоста е лимитирана за овој вид тестови.
Лабораториските тестови дозволуваат карактеризација и валидација на акумулаторот при дефинирани услови. Во лабораторија со екремно студено време, услови значат „мерење на подобра изведба“, вели Проф. Др. Еберхард Меснер, директор на Истражување и развој за енергетски решенија во Европа на Johnson Controls, „а, не симулација на вистинската изведба“. Ги тестира акумулаторите во услови поекстремни од реалните услови и овозможува издржана проценка за производителите на автомобили да споредуваат различни марки, различни добавувачи или различни дизајни од ист добавувач. Акумулаторите со оловна киселина се тестираат на екстремни студени температури, обично на 18 степени Целзиус најмалку 24 часа и со спуштање на температурата до -29 степени Целзиус. Продолжените циклични тестови се извршуваат и за амбиентални и за високи температури.
И ова му помага на Johnson Controls да развие уште подобар акумулатор.
Тестирањето може да ги спореди новите компоненти на акумулаторот со постојните или да тестира материјал од нови снабдувачи за да одреди дали промената на изворот е можна, меѓу другите можности, вели Грунстерн. Во секој случај, компанијата контролира колку што е можно повеќе варијанти-до производство на два модела за тестирање во иста фабрика и во иста производствена линија. Акумулаторите потоа се поставуваат во гаража на такси компанија и се следат преку записите за одржување на возилата.
Наспроти контролираните лабораториски тестови кои се спроведуваат во тек на неколку месеци, тестирањата на пат траат од шест месеци до повеќе од две години. За тоа време, инженерите на Johnson Controls ги анализираат податоците за да одредат дали предвидените промени на акумулаторите се полезни.
„За нас, тие податоци понекогаш ни овозможуваат да извадиме нов дизајн“ вели Грунстерн.
Она што е важно за клиентите и производителите на автомобили е ригорозното тестирање кое обезбедува издржливост и уште подобра изведба. А, тоа е победа за сите.
