Home > Технологија > Каков концепт

Каков концепт

Concept car

Johnson Controls ја открива иднината во нов концепт автомобил

Тоа започна со прашањето: Што сакаат потрошувачите кај спортско услужно возило од средна големина? Тоа заврши со целосно нов концепт, поточно... Автомобил.
Одговарајќи со истражување на потребите и желбите на брзо растечкиот сегмент за средни спортски услужни возила, Johnson Controls започна да развива нов ентериер на возило со празен лист хартија, засновајќи ги своите одлуки врз потребите искажани од потрошувачите за ергономска удобност и флексибилност на ентериерот. И во согласност со глобалната мисија на Johnson Controls, концепт автомобилот ја докажа способноста за поддршка на глобалните синергии. Со изборот на технологиите развиени преку активностите на Johnson Controls низ целиот свет, како и со одржливите решенија, концепт автомобилот им нуди на производителите поефикасни решенија кои се свесни за животната средина.

Безбројни иновации

Концепт автомобилот нуди бројни иновации кои се спремни да бидат инкорпорирани во производствените линии на производителите уште сега. Еве само неколку примери на карактеристики кои ги содржи концептот:

Просторни седишта. Концептот ги користи Slimt Seat (тенки седишта) на Johnson Controls за предни седишта, нудејќи на тој начин поголем внатрешен простор затоа што нивните тенки потпирачи за грбот завземаат помалку простор. Тој нуди безбедност и удобност, како што се на пример активните потпирачи за главата и потпората за лумбалниот дел. И на крај новата пена за седишта, која е отпорна на вибрации и апсорбира влага, нуди уште поголема удобност.
Истражувањата покажаа дека поголемиот дел корисниците на средни спортски услужни возила или патуваат како двојка или сами, така што ја негираат потребата од задни седишта. Сепак, опцијата за транспорт на патници е атрактивна, така што концептот на Johnson Controls нуди можнсот и за флексибилен втор ред на седишта. Покрај тоа, кај задните седишта има и концепт за расклопување на седишта, што го прави вотриот ред „невидлив“ кога не се користи. Кога е потребно, едноставниот механизам, со притискање на едно копче, се отклучува и ги расклопува седиштата. Уште еден плус: Потпирачот за грбот е поделен, така што едното седиште може да биде склопено за разлика од другото.
Невидливите седишта нудат многу во однос на фелксибилноста во седењето и складирњето, обезбедувајќи повеќе простор за скалдирање и помалку трошење на задните седишта, затоа што патниците не мора да се складираат тешките работи на задните седишта кога не се користат за седење.
Повеќе стил. Глобалниот хармоничен впечаток му се припишува на палетата на бои и материјалите што се користени. Темите на природа и урбана средина се рефлектираат во меѓусебната игра на материјали, бои и ефекти со светлото во ентериерот. Грубото ткаење и природните материјали ја доловуваат природата, додека пак боите и светлината ги отсликуваат аспектите на градот.
Вклучена хибридна батерија. Концепт возилото ја почитува животната средина, нудејќи литиумско-јонски акумулатор кој обезбедува пониски распространувања и помала зависност од фосилни горива.
Климатизација со екран што се активира на допир и со анимирана графика. Оваа компонента овозможува да се елиминираат повеќе од 20 механички копчиња, хармонизирајќи го изгледот на ентериерот, а истовремено обезбедувајќи практичен интерфејс.
Функција на пасивен влез. Кога возачот пристапува кон вратата на возилот со клуч, вратата се отклучува автоматски и може да се отвори без физички да се внесе или заврти клучот. Откако возачот ќе седне на возачкото седишта, моторот може да се запали со допир на копчето за палење.
Површини отпорни на гребење. PP тенкиот слој и обложените површини обезбедуваат високо квалитетни површини кои ја подобруваат отпорноста на компонентите на гребење и матиран изглед
Хибриден кластер. Концептот има екран кој ги спојува аналогниот и дигиталниот свет, имено, дигиталните слики можат да се прикажат на аналоген кластер, зголемувајќи ја количината на информации што возачот ги гледа истовремено. Најдоброто нешто е тоа што технологијата овозможува чисто аналогна, комбинација на аналогно/дигитална или чисто дигитална слика, нудејќи им максимална флексибилнсот на производителите.
Понатаму, двата помали разделени екрани на лево и на десно од кластерот овозможуваат да бидат презентирани различни видови на информации. Овие информации можат да се променат со притискање на екраните нагоре или надолу. Едниот екран го покажува горивото во резервоарот и температурата, додека пак другиот екран обезбедува управување и дава детали за брзината на моторот. Двата полигонални пасивни екрани не се само лукзузен елемент туку исто така и важен начин на кој се зголемува интерфејсот човек-возило. Возачот не мора да врти низ сложени менија, затоа што посакуваната информација е достапна веднаш.